петок, 18 октомври 2024

Ѓоковиќ против Надал уште во второто коло на Олимписките игри

Двете тениски мега ѕвезди, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал доколку стартуваат со победи, ќе се сретнат во второто коло на Олимписките игри во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска беше извршена ждрепката за тенискиот турнир на Олимписките игри кој ќе се игра на терените на „Ролан Гарос“.

Големи се шансите Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал да имаат пресметка во второто коло, тоа ќе биде и еден од нивните последни дуели со оглед на возраста.

За да се случи овој дуел, најпрво Ѓоковиќ во првото коло ќе треба да го победи Метју Ебден од Австралија, а Надал да триумфира против Марто Фучович од Унгарија.

По откажувањето на Синер, Новак Ѓоковиќ е прв носител на турнирот, втор е Карлос Алкараз кој во второто коло ќе игра против Хабиб од Либан.

Данил Мевдедев игра со Хинџикат од Австралија. Бранителот на олимпиското злато Александар Зверев во првото коло ќе се сретне со Мунар од Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ