понеделник, 25 ноември 2024

Ѓоковиќ потврди, нема да игра на завршниот турнир во Торино

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ изјави дека и да се пласира на турнирот во Торино, нема да може да игра таму поради повреда.

Објавено на

часот

Сподели

На крајот од сезоната традиционално на завршниот АТП турнир настапуваат најдобрите осум тенисери од тековната сезона.

Новак Ѓоковиќ објави разочарувачка вест за фановите, нема да игра на спектаклот во Торино.

„Чест е да се квалификуваш за Торино. Навистина се подготвував да одам таму, но поради повредата нема да играм следната недела. Се извинувам на сите што планираа да ме гледаат. Им посакувам на сите спортисти успешен турнир, се гледаме наскоро“, изјави Ѓоковиќ.

Турнирот ќе се одржи од 10 до 17 ноември во Торино, а главни фаворити се Јаник Синер и Карлос Алкараз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ