понеделник, 14 октомври 2024

Ѓоковиќ не успеа да дојде до 100. титула, загуби од Синер во финалето во Шангај

Јаник Синер е освојувач на мастерс турнирот во Шангај откако во големото финале го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови.

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ на друго место ќе ја бара својата 100. титула, Синер покажа дека во моментов е најдобриот тенисер во светот.

Во првиот сет имаше голема борба, двајцата тенисери лесно ги добиваа своите сервиси, па тајбрејкот решаваше. Во него Синер беше подобар со 7-4 за водство од 1-0 во сетови.

Првиот брејк се случи во вториот сет кога Новак Ѓоковиќ загуби свој сервис, Синер го доби сетот со 6-3 и дојде до победа од 2-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ