петок, 18 октомври 2024

Ѓоковиќ: Дури и ако докторите ми кажат да не играм, јас ќе играм

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри откако во два сета го победи Стефанос Циципас, но тоа што ги загрижи неговите навивачи е повредата на коленото.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вториот сет Ѓоковиќ почувствува болки во коленото кое неодамна го оперираше, па мораше да добие медицинска помош и апчиња за да продолжи.

Полуфиналниот меч против Лоренцо Мусети е веќе денеска со почеток од 19 часот. Навивачите на Ѓоковиќ се надеваат дека нема да се повтори случајот од Ролан Гарос кога Новак се откажа поради болки во коленото.

Доцна синоќа Ѓоковиќ рече дека ќе игра, дури и ако докторите му речат дека не треба.

„Дури и ако докторот ми рече дека не е добро, веројатно ќе излезам на терен и ќе се обидам. Ова е многу ретка шанса, да се борам за медал за својата земја, затоа ќе направам се за да се опоравам и да се ставам во ситуација да освојам медал за Србија“, рече Ѓоковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ