петок, 18 октомври 2024

Гир: Не дебатирам за рокови, треба максимални напори за отворање на преговорите со Скопје и Тирана

Објавено на

часот

Сподели

Гир, пред отворањето на панел дискусијата во рамки на одбележувањето на Денот на Европа 9 Мај, изјави дека не сака да навлегува во дебатата со рокови, но посочи дека треба да бидат направени максимални напори за остварување на целта за отворање на преговорите, што е можно побрзо.

„Апсолутно сме одлучни да продолжиме напред, знаеме дека е од стратешки интерес на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, овие земји да се приклучат на Унијата и ние очекуваме продолжување на процесот и да ја видиме Северна Македонија во ЕУ што е можно поскоро“, рече Гир.

Прашан дали новиот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон е замена за евентуален неуспех на процесот на проширувањето, Гир рече дека ставот на Макрон и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се јасни.

„Пристапните процеси за земјите од Западен Балкан остануваат главна движечка сила. Нема промени за процесот на проширување и единствен пат е проширување за Западен Балкан. Тоа е апсолутен приоритет и пат базиран на реформи. Затоа, не гледам дека ова ќе влијае на патот кон полноправно членство во ЕУ“, изјави Гир.

Германската амбасадорка Анке Холштајн, порача дека земјите од регионот припаѓаат на ЕУ.

„Германскиот канцелар во владина декларација утринава изјави дека земјите од регионот на Западен Балкан припаѓаат на ЕУ. Тоа е пораката што му е потребна на регионот. Тој, исто така, додава дека геополитичката ситуација е поитна од кога било и ова е стратешка цел и за Германија. Германската Влада останува посветена“, изјави Холштајн.

Панел дискусијата е во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ