понеделник, 21 октомври 2024

Гевгелиската полиција го бара мажот кој утрово се удавил во Дојранското Езеро

Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Според информацијата од полицијата, маж скокнал во водата од чамец, пливал неколку метри, по што се удавил.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на удавениот“, информираа од СВР Струмица.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот, а повеќе детали од полицијата најавуваат за подоцна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ