сабота, 2 ноември 2024

Германски Патриот ќе го штити самитот на НАТО во Литванија

Објавено на

часот

Сподели

Членката на ЕУ објави фотографии на кои се гледа како конвој на германската армија влегува во Вилнус, главниот град на Литванија.

На 11 и 12 јули во Вилнус ќе се одржи состанок на западната воена алијанса на највисоко ниво. Литванија се граничи со руската ексклава Калининград и Белорусија, близок руски сојузник.

Ова е прво распоредување на ракетите Патриот во Литванија, соопшти литванската војска. Со системот ќе управуваат германски војници.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето на системите Патриот се врши по барање на НАТО и во тесна консултација со Литванија.

Германија ќе придонесе и со копнени, воздушни и поморски капацитети за обезбедување на самитот на НАТО, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ