Властите денеска соопштија дека нема докази дека има политички или религиозни мотиви за нападот.
Тројца од повредените се во животна опасност по синоќешниот напад, соопшти полицијата.
Полицијата и обвинителството изјавија дека шестмината повредени се на возраст од 16 до 30 години и дека до утринава тројца од нив ја напуштиле болницата откако им била укажана лекарска помош, пренесува Асошиејтед прес.
Полицијата соопшти дека жената која е уапсена во Зиген е германски државјанин и нема имигрантско потекло.
Германските медиуми објавија дека е можно жената која го извршила нападот да е ментално болна, но и дрогирана, а се претпоставува дека прободувала луѓе по случаен избор во автобусот.
Нападот со нож се случил во градот Зиген, источно од Келн, во автобусот во моментот на нападот имало уште најмалку 40 лица.
Локалните власти планираа да го продолжат одржувањето на фестивалот во Зиген. Нападот во Зиген се случи една недела по нападот со нож во Солинген, град во истата покраина Северна Рајна-Вестфалија, во кој е осомничен исламски екстремист од Сирија.
Тој уби три лица, рани осум. Нападот во Солинген ја поттикна германската владејачка коалиција да започне разговори за олеснување на депортацијата на мигрантите, според Асошиејтед прес.