сабота, 19 октомври 2024

Германија за „отворените врати“ на НАТО: Не сакаме држава што е во војна

Објавено на

часот

Сподели

„Политиката на отворени врати на НАТО останува на сила, но јасно е дека не може да се зборува за прием на нови членови (кои се) среде војна“, им кажа таа на новинарите во Осло, каде што се собрани министрите за надворешни работи на НАТО, пренесува Ројтерс.

НАТО треба да размисли за тоа какви безбедносни гаранции може да ѝ пружи на Украина, изјави шефицата на француската дипломатија Катрин Колона.

Истовремено, претседателот на Украина Володимир Зеленски кажа за време на денешната посета на Молдавија дека Украина е спремна да биде во НАТО и дека Киев чека воениот пакт да биде спремен да ја прими неговата земја.

Зеленски ова го кажа во друштво на молдавската претседателка Маја Санду по пристигнувањето на самитот Европска политичка заедница, чиј домаќин е украинскиот сосед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ