Герасимовски потенцира дека се поставени филтри за прочистување на воздух скоро во сите основни училишта на територија на Општина Центар и со самите градинки.
„Дополнително, во градинките се поставени НАНО филтри на прозорците за прочистување на воздухот и планираме во текот на следната година да започнеме поставување филтри на прозорците и во самите училишта. Покрај садење на зеленило, покрај поставување на филтери за прочистување и надворешно прочистување на воздух, бараме начин да преку субвенции на тротинети и велосипеди ги менуваме навики за што поголем број на луѓе помалку ги користат возилата како превозно средство“, вели Герасимовски.
Тој истакнува дека градскиот превоз не ни е на задоволнително ниво коешто дополнително прави проблем и со загадување, но и со сообраќаен хаос низ општината и општините во градот.
„Бараме начин како општина да се справуваме со овој проблем. Имаме одреден план и стратегија што ги спроведуваме, но важно е да се вклучат сите општини заедно за решавање на овој заеднички проблем со загадувањето“, посочува Герасимовски.