петок, 18 октомври 2024
Двајца судии заминуваат од Судскиот совет

Герасимоски чека да му ја констатираат оставката па јавно ќе проговри за причините

Објавено на

часот

Сподели

Во кусиот телефонски разговор, Герасимоски за МКД.мк не открива дали имал притисоци по најновите случувања во Судскиот совет.

„Сѐ пишува во оставката. Прво нека биде констатирана на седница па јавно ќе ги кажам причините за мојата одлука преку портпаролот. Истата веќе ја депонирав во архивата на Судскиот совет. Побаравме седницата да биде закажана во најкус можен рок“, вели за МКД.мк, Герасимоски.

Со ова се доведува во прашање работата на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документи на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители по огласот за избор на судии во основните судови затоа што судијата Зоран Герасимовски не само што е член на оваа комисија туку е и нејзин претседател.

Зоран Герасимоски за прв пат е избран за судија во 2005 година во Основниот суд Тетово. На местото член на Судскиот совет дојде од позиција на апелациски судија во септември 2022 година. Два месеци подоцна Герасимоски стана член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), предложен токму од советот, а кратко време беше и в.д. директор на академијата.

По ова реагираше Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) по што Герсимоски се повлече од привремената функција но остана во Управниот одбор на академијата.

Судијката Мирјана Радевска-Стефкова пак, за член на Судскиот совет беше избрана од позицијата врховен судија.

Бранувањата во Судскиот совет не само што не стивнуваат туку и се засилуваат откако вчера советот на дневен ред на седницата ги разгледуваше судските предмети во кои е вклучен сопругот на сега веќе поранешната претседателка Весна Дамева. Имдено, сопругот на Дамева е еден од оштетените во предметот „Таргет-тврдина“, каде бил жртва на незаконското прислушување. Токму ова беше причина за вчерашната кавга помеѓу членовите на Судскиот совет.

И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ