петок, 18 октомври 2024

Генералка викенд 2023 – почнува најмасовната акција за пролетно чистење

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на Генералка викенд 2023 од 12 до 14 мај, ќе биде собран отпадот од локациите мапирани од страна на секоја општина засебно.
Волонтерите од Пивара Скопје, заедно со останатите партнери и заинтересирани граѓани, во петок, на 12 мај, ќе го собираат отпадот на локација во атарот на селото Јажинце под општина Јегуновце, во подножјето на Шар Планина.
„Девет месеци континуирано го посветуваме нашето време, ресурси и волонтерските часови на пиварци во креирање на платформа која ќе ги промени навиките градејќицсистем за одржлива животна средина, и ќе создаде партнерства со сите оние со коицги делиме истите вредности“, изјави Ламбро Патче, директор за корпоративни работи и одржливост на Пивара Скопје.
За собраниот отпад во текот на акцијата ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак и Нула отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на сите локации ќе има и тимови од Црвен крст кои ќе се погрижат за безбедноста на волонтерите.
„Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата и да се вклучиме во Генералка викенд – акција која ја покажува моќта на заедништвото и ни дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина“, изјави Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.
„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и јас лично, како еден од првите пет топ приоритети ја имаме Зелената транзиција, која нашата држава во голема мера ќе ја направи поеколошка и позелена. За секои 10 килограми собран отпад садиме по едно дрво и создаваме нов живот  со разновиден растителен и животински свет“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
„Шпаркасе Банка интензивно ги поддржува активностите во областа на екологијата и на заштитата на човековата средина, како предуслов за просперитет на сегашните и идните генерации и креирање на одржлив свет“, изјави Катарина Штерјовска-Раца, раководител на маркетинг и комуникации во Шпаркасе банка АД Скопје.
„Генералка викенд инспирира промени, повикува на единство за нешто што е важно и во заеднички интерес на сите нас, а тоа е чист воздух, чиста почва и чиста вода“, изјави Марјанчо Дамески, управител на Нула отпад.

„Кога целото општеството соработува заедно, можеме да направиме промени: Да се извалкаме и да исчистиме!“, изјави Гордана Софија од Мен енд манутен.
Оваа година новина е можноста за споделување на атмосферата од Генералка викенд што ќе оди со пренос во живо во Фејсбук група.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ