недела, 12 мај 2024

ГАЛЕРИЈА

Почна кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ова не се обични времиња, ова не се обични избори. И ова може да е и нашата последна шанса да ја вратиме Македонија што ја сакаме, рече Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред владината зграда на првиот ден од кампањата на претседателските избори. Во почетокот на кампањата за претседател на Македонија, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова потсети на Илинден и АСНОМ. „Гордоста не се купува или подарува. Гордоста се заслужува. Ова е годината кога одбележуваме 80 години од македонската државност, 80 години од АСНОМ. Партизаните беа инспирирани од првиот Илинден и затоа влегоа во вториот Илинден, во борба за слобода. Е така се гради гордост, тие загинаа за нас, за Македонија да ја направат горда. Ние тоа мора да го почитуваме. Тие тоа го заслужуваат, нашиот народ тука тоа го заслужува“, рече Сиљановска Давкова.Фото: Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Уште една посебна ноќ во Бигорскиот манастир за Велигден (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ