недела, 20 октомври 2024

Галант: ИДФ уби повеќе од 100 члена на Хезболах во судирите во северен Израел

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) убиле повеќе од 100 члена на Хезболах и уништиле десетици нивни набљудувачки пунктови, складишта за оружје и други цели во судирите во северен Израел, објави Тајмс оф Израел.

„Комбинацијата на сите овие тактички достигнувања ќе се претвори во поинаква ситуација, која подоцна ќе овозможи враќање на жителите (на северен Израел) под сосема различни услови отколку кога ја почнавме оваа кампања“, рече Галант по процената на ситуацијата во северен Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ