сабота, 2 ноември 2024

Г.г. Стефан и работниот состав на САС во посета на српскиот Патријарх

По покана на Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј, а по повод тригодишнината од неговиот избор за Претстоител на сестринската Српска Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан бил во дводневна посета на Белград, Србија, објави Литургија.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Архиепископот бил придружуван од членовите на работниот состав на Светиот архијерејски синод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и од секретарот на Синодот, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент.

На средбата присуствувале и Неговото Преосвештенство Епископот Бачки г. Иринеј, член на Светиот архијерејски синод на Српската Православна Црква и архимандритот Нектариј Ѓуриќ, главен секретар на Синодот на Српската Црква.

Посетата, поминала во пријателска и братска атмосфера, при што посебно внимание се посветило на актуелностите во сеправославиот свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ