понеделник, 23 септември 2024

ФУЕН бара од Албанија Комитетот на националните малцинства да прерасне во независна агенција

Федералната унија на европските националности, ФУЕН на 68-от Конгрес што се одржуваше во Хусум, Германија, едногласно усвои резолуција поднесена од Македонско друштво Илинден-Тирана, Албанија. На конгресот присуствувале претставници од 105 организации-членки од 36 земји во Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Според претседателот на друштвото, Никола Ѓррѓај, во усвоената Резолуција меѓу другото пишува дека МД Илинден-Тирана и македонско национално малциство во Албанија бара од Владата на оваа земја, досегашното тело Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Албанија.

„Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската Влада со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата. Како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е подложна на политичко влијание, што резултира со негова целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно за дијалогот меѓу Владата и малцинствата“, рече Ѓурѓај за МИА.

Затоа, смета Ѓурај, Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалог со Владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Република Албанија, а неговата работа да биде јавна и присутна во медиумите во државата.

„ФУЕН ја повикува владата на Албанија да преземе активности за промена на сегашниот Комитет на националните малцинства од консултативно тело во независна Агенција на националните малцинства која ќе има посериозни и обврзувачки надлежности за ги афирмира националните малцинства во Албанија“, посочи Ѓурај.

Резолуција, Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе ја достави до Владата на Албанија, шефот на државата, Парламентот, Комитетот за национални малцинства, комесарот за дискриминација, амбасади и меѓународните институции.

Друштвото Илинден од 16 мај 2015 е рамноправна членка на ФУЕН и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, со право на глас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ