петок, 18 октомври 2024

Фудбалери биле убивани поради местенки!?

Објавено на

часот

Сподели

Крис Итон изјави дека криминалот е длабоко навлезен во фудбалот, дека има голем ризик и дека постојат индиции за убиства на фудбалери. ФИФА од поодамна има комитет наречен „таск-форс“, кој се бори против местенките, но и светската, а и континенталните федерации се немоќни против обложувачниците, особено со илегалните на далечниот Исток.

„Ние сме многу загрижени за безбедноста на играчите и на официјалните лица. Има анегдотски докази дека некои играчи се убиени. Лажирањето мечеви всушност е крадење пари. Тоа ги разорува и животите и кариерите на многу луѓе. Мислам дека националните влади треба да бидат позаинтересирани за тоа колку пари се вртат, бидејќи износите се вртоглави“, вери Итон.

Десетина милијарди евра годишно се заработуваат од местенки

ФИФА има хотлајн и веб-сајт на 180 светски јазици за сите дојави за лажирани мечеви, и гарантира амнестија за сите што ќе дадат докази против виновниците. Тој призна дека сè уште не може да го најдат судијата Ибрахим Чаибу од Нигер, кој судел на дуелот Нигерија – Аргентина, лани, во кој Нигерија победила со 4-1, а тој досудил два контроверзни пенали. Поранешен тренер на Сангму Феникс од Јужна Кореја во октомври бил најден мртов во неговиот стан, само три месеци откако бил под истрага за фудбалски криминал.

„Во Јужна Кореја има многу самоубиства, поради срам од лажирање. Понекогаш тоа е цената што за жал некои ја плаќаат“, додава тој.

Итон додал и дека најчесто во битката за вистината се наоѓаат на слеп колосек поради притисоците што сведоците ги имаат од криминалците и мафијашките структури. Во изминатава година во Италија, Турција и Германија беа преземени сериозни антикриминални дејства, а најсвежа е Хрватска.

„Сите што имаат вредни информации ќе бидат заштитени“, најави Итон.

Инаку прилепска Победа влезе како прва во историјата дека добила казна за лажиран меч, и тоа од седум години без право за учество во кое било натпреварување, поради местенката со ерменски Пјуник во 2004 година во Скопје.

Според процените на ФИФА во светски рамки од манипулирање со резултати во сите спортови, годишниот профит се движи помеѓу 5 и 15 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ