недела, 27 октомври 2024

ФСБ: Спречен терористички напад во Русија – планирал да активира бомба во зграда, па загинал

Терористички напад e спречен во Самарската област, кога 30-годишен маж планирал да активира бомба во зграда во која се примала хуманитарна помош, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), пренесува Спутник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

При акцијата за апсење експлозивната направа се активирала сама, од што терористот загинал.

Нема повредени меѓу членовите на ФСБ и цивилите.

Федералната служба за безбедност го опишува напаѓачот како соучесник на Рускиот волонтерски корпус (РДК), кој според руските власти е под покровителство на украинските специјални служби.

ФСБ додаде дека во септември минатата година тој бил регрутиран од украинската разузнавачка служба преку РДК и дека се согласил да организира и да врши диверзии на територијата на Русија.

При претресот во неговиот стан, откриена е лабораторија за изработка на експлозивни направи, компоненти и уште една бомба подготвена за употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ