петок, 18 октомври 2024

Французите главни на Дакар

Објавено на

часот

Сподели

Деспре со својот КТМ ја мина делницата од 478 километри од специјалот за 4,03 часа и ја освои етапата. Зад него со 1,39 минути заостана Џерард Фарес Гуел, а со 2,01 минута трет беше противконкурентот Марк Кома. Четвртата етапна победа годинава на Деспре му донесе му донесе предност од 2,22 минути во генералниот пласман кај мотоциклите пред последните три етапи.

Петерхансел, етапата од Арика до Арекипе ја мина за 3,56 часа. Зад него, Нани Рома заостана 3,44 минути и Рикардо Леал дос Сантос со 8,56 минути, па и Петерхансел ја зголеми предноста во генералниот пласман и тоа пред Рома, која сега изнесува солидни 22,49 минути.

Денеска ќе се вози етапа од Арекипе до Наске во должина од 504 километри за мотоцикли и квадри односно 657 километри за автомобили и камиони, а специјалот во сите категории изнесува 245 километри.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ