сабота, 26 октомври 2024

Франција им даде азил на 19 дезертери од руската војска

Вкупно 19 руски државјани добиле азил во Франција од почетокот на годината, соопшти денеска Националниот суд за азил, кој во јули 2023 година начелно им го призна бегалскиот статус на руските војници што одбија да се борат во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според одлуките на тој суд, „од 1 јануари до средината на март 2024 година одобрени се 19 барања за азил“, рекле денеска за Франс прес извори од судството.

Во јули минатата година судот ја усвои доктрината што се состои од доделување статус на бегалец на руски државјани што „демонстрираа постоење на лични ризици од прогон во случај на враќање во Русија, поради тоа што не се подложиле на делумната мобилизација во рамките на војната што руските вооружени сили ја почнаа против Украина“.

Таа доктрина, прва во Франција што се однесува на дезертерите од руската армија, се заснова на европска директива од 13 декември 2011 година и одлука на Судот на правдата на Европската Унија од 26 февруари 2015 година.

„За да побарате заштита со статус на бегалец, мора да ја докажете вашата мобилизација со одредени елементи како што се документи и изјави за тоа“, објаснуваат од судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ