На настанот воведно обраќање ќе има кинескиот амбасадор во земјава Жанг Ѕуо, а на форумот ќе дебатираат претставници од академската заедница, невладиниот сектор и новинари.
Собирот го поздравија проф. Билјана Ванковска, д-р Марсела Мусабелиу и амбасадорот на НР Кина. На Форумот учествуваат 20 научни работници од Македонија и Албанија кои се осврнаа на главната тема низ призма на повеќе академски дисциплини. Општ е заклучокот дека постојат бројни можности за меѓусебна соработка во рамки на иницијативата Појас и пат, но и во билатералните односи. Посебно внимание беше посветено на новата кинеска стратегија за заедничка иднина на човештвото презентирана и пред ООН.
Ова е настан на кој првпат пред македонската јавност ќе биде претставен новиот Центар за глобални промени, којшто е основан оваа година на Филозофскиот факултет во Скопје.