недела, 27 октомври 2024

Фон дер Лаен: Ќе препорачаме отворање на преговорите со БиХ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен потврди денес во Европскиот парламент дека ќе препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес ќе му препорачаме на Советот да отвори пристапни преговори со Босна и Херцеговина“, кажа Фон дер Лаен во говорот на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур. Оваа најава беше проследена со аплауз од пратениците.

Денес се одржува седницата на Европската комисија на која ќе биде донесена одлуката за препораката за отворање преговори. За таа препорака следниот вторник ќе одлучува Советот за општи работи, кој го сочинуваат министрите за надворешни или европски работи на државите членки, а потоа и лидерите на државите членки кои ќе се соберат на самит на 21 и 22 март.

Фон дер Лаен кажа дека БиХ откако го доби кандидатскиот статус во декември 2022 година направила „импресивни чекори“ во европските интеграции.

„Повеќе напредок е направен за нешто повеќе од една година отколку претходно за десет години. Прво, БиХ сега целосно е усогласена со нашата надворешна и безбедносна политика, што е клучно во овие времиња на геополитички превирања.

Второ, државата усвои важни закони како законот за спречување конфликт на интерес кој седум години беше во застој и закон за спречување пари и финансирање тероризам“, кажа Фон дер Лаен.

Таа истакна дека ЕУ во последните години го променила пристапот кон Западен Балкан.

„Сфативме дека не е доволно да чекаме Западен Балкан да се приближи кон нас, дека не е доволно да кажеме дека вратата е отворена. Ние исто така мораме да преземеме одговорност и да го поддржиме нивниот пат кон нашата Унија на секој можен начин“, кажа претседателката на Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ