недела, 20 октомври 2024

ФМУ и Филхармонија реагираат на коридорот за тешка механизација помеѓу нивните објекти

Факултетот за музичка уметност, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Филхармонијата  најостро реагираат на скандалозните активности за узурпирање на јавниот простор помеѓу објектот на ФМУ, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Филхармонијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Просторот околу двата објекта се оградува за вештачки да се создаде пат/улица за тешката механизација која треба да го исфрли шутот од изгорениот обект на поранешната Комерцијална банка. За таа цел ќе бидат исечени дрвата, ќе биде уништен плочникот и ќе се доведе во прашање безбедноста на двата објекти. Ова не само што може да нанесе трајни последици во однос на безбедноста на објектите, туку и целосно ќе го попречи функционирањето на овие институции. Во подрумските простории кои се веднаш под овој отпаден „коридор“ се држи настава. Последиците од можна хаварија, односно попуштање на слојот кој е предвиден за пешаци, а не за камиони се повеќе од реални. Веќе се чувствува нарушената статика во балетските сали кои се дел од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Работите се во пол ек ( претпразнично) што дополнително ја доведува во
прашање оправданоста и почитувањето на прописите кои се применуваат во оваа сфера. Поради тоа најостро реагираме и бараме итно и неодложно стопирање на
градежните работи и почитување на основните норми на градење земајќи предвид дека се работи за образовани институции т.е. за ученици и студенти, за нивното здравје и нивната безбедност“, се вели во реакцијата на Факултетот за музичка уметност – Скопје и НУ Филхармонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ