петок, 18 октомври 2024

Филмот „М“ на Пулскиот филмски фестивал 

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал.

Објавено на

часот

Сподели

Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од  „Фокус покус филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција „4Филм“ и Хрватскиот нацинален аудио-визуелен центар.
Филмскиот фестивал во Пула, со мотото „Филм под ѕвездите“, е еден од најстарите и водечките регионални фестивали. Основан во далечната 1954-та година, овој настан континуирано се одржува до денес, со две откажувања во 90-тите, за време на воените превирања низ регионот. Започнат како смотра на најзначајните домашни остварувања од времињата на поранешна Југославија, во последните декади, програмата на Пулскиот фестивал се трасформира и распределува во две натпреварувачки категории – за хрватска продукции и копродукции, како и интернационална селекција.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ