„Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. А јас како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, истакна Филипче во Струмица.
Затоа, рече Филипче, сите кои се разочарани и решиле на некој начин да изразат револт, сега да изберат мобилизација и да не дозволат поделба.
„Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ“, повика Филипче.
Тој рече и дека казната на парламентарните избори би значела удар за самите граѓани, а не само за партијата. „Ќе значи заслабување на партијата која ве уверувам дека ќе се врати многу брзо на правилниот колосек. Но за тоа, е потребна вашата поддршка“, повика Филипче.