петок, 18 октомври 2024

Филхармонија одржа концертен протест на отворено, министерката за култура бара решение за спорот со Џез-оркестарот

Објавено на

часот

Сподели

Според претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски, вработените во Филхармонија неправедно се ставени во ситуација да се бранат од оние кои треба да ја штитат оваа институција. Затоа, како што рече, одлучиле да се спротистават со мирни протести, се до конечна промена на оваа одлука.

„Со протестот сакаме да го изразиме незадоволството кое се акумулираше од носењето на одлуката на Владата за вдомување на новоформираниот Џез оркестар во просториите на Филхармонија, а кое се наталожи не само поради неоснованото и нетранспарентно носење на одлуката без да бидеме прашани и без да биде прашана засегнатата страна, Филхармонија, но и поради отсуството на разбирање на Министерството за култура за потребите и условите на функционирање на оркестарот на македонска Филхармонија, како најстара културна институција во нашата држава“, рече Лазаревски.

Тој исто така потсети дека мнозинството од вработените во Филхармонија потпишале петиција против оваа одлука и таа е испратена до министерката и до премиерот.

„Поради отсуството на реакција, петицијата ја испративме и до медиумите за да ја запознаеме јавноста. По ова бевме и повикани од страна на министерката за култура, при што остваривме средба заедно со претставниците на Здружението за џез музичари. Како резултат на овие дискусии, министерката пријави и разбирање за проблемот и вети дека на првата наредна седница на Влада ќе ја промени одлуката. За жал, министерката не го исполни ветувањето и побара повторно средба, но ние ја одбивме средбата и одлучивме дека е неопходно да ја информираме јавноста за несериозноста и непрофесионалното работење на Министерството за култура за што и организиравме прес-конференција пред две недели“, рече Лазаревски.

Како што потенцира тој, по прес-конференцијата оствариле  уште две средби со министерката, една со Управниот одбор и една со Управниот одбор и претставници од Синдикатот, на кој што министерката не отстапила од одлуката.

Протестите ќе продолжат и наредната недела, категорични се од Филхармонија.

култура

„Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати страни. Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби“, соопштија од Министерството по денешниот протест на вработените во Филхармонија поради одлуката за вдомување на Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата.

Од Министерството посочија оти веруваат дека филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на нивната НУ, никој немал никаква заднинска намера.

„Нема логика Министерството за култура, под чија надлежност се сите национални установи, значи и Филхармонијата и новоформираниот Џез-оркестар, да работи на штета на која било од нив“, се наведува во соопштението на Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ