сабота, 19 октомври 2024

Фијат Цаноски: Преседан – судија од Апелација сака да го оживее предметот ТНТ

Нов судски преседан на Апелацискиот суд, во кој е директно вклучен судијата известител и претседател на советот за предметот ТНТ, Ѓоко Ристов, вели Фијат Цаноски и нагласува дека овој судски процес на 20 мај 2022 година заврши со кривична пресуда во која беа осудени неколкумина, помеѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски. Иако предметот е правно завршен, се прави обид да се оживее, вели Цаноски кој за овој случај за утре најави прес-конференција 

Објавено на

часот

Сподели

„На 8 мај 2023 година е одржана јавна седница на Апелациониот суд за овој предмет. Иако рокот за да се донесе одлука по одржаната јавна седница е 60 денови,согласно ЗКП, судијата известител и претседател Ѓоко Ристов и со надминати рокови свесно уште не го става предметот на гласање, иако пресудата мора да го носи датумот на одржаната јавна седница – 8 мај 2023 година.

На веб страницата на Апелациониот суд незаконски е закажана нова јавна седница во понеделник на 6 ноември 2023 година, со почеток во 9:30 минути.

Со новата седница се прави обид да се оживее предметот иако правно завршен, притоа, ако истата се оддржи, ни дава за право да веруваме дека се врши ПРЕСЕДАН со прекршување на законот од страна на известителот и претседател на совет за предметот ТНТ, сè со една единствена цел, а тоа е да се констатира застарување на овој предмет. Судијата известител и претседател на совет со ваквите дејствија оди во насока на спасување на осудените лица, но на огромна материјална штета на ТД ФИНЕ“, вели Цаноски во најавата за прес-конференцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ