недела, 14 јули 2024

Фиат панда го слави 40-от роденден (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Фиат панда 4х4 е модел кој дебитираше во јуни 1983 година, а сега по повод 40-годишнината Нилс ван Роиј дизајн претстави рестомод проект кој му оддава почит на она што многумина го сметаат за првиот светки мал сериски автомобил со попречен мотор кој има погон на сите четири тркала.

Во соработка со компанијата Каеве карс, таканаречениот модел панда 4х4 пиколо лусо не изгледа многу поразлично од оригиналниот автомобил, но речиси секој дел е обновен или редизајниран.

Каросеријата ја има ексклузивната „азуро блу“ сина боја која потсетува на бојата на морето крај италијанскиот брег. Внатрешноста е обложена со кожни навлаки кои даваат топлина и софистицираност.

Ова единствена панда 4х4 го почнала животот како панда 4х4 сисли. Првично сисли бил лансиран како лимитирана верзија во само 500 парчиња, но подоцна станал постојан модел нудејќи карактеристики како бели бандажи, кровен носач, прскалки на предните светла, отвор на хаубата и сисли ознаки.

Токму логото на сисли, симболот на авантуристичкиот дух на пандата, е суптилно интегриран во потпирачите за глава, панелите на вратите и воланот на рестомодот.

Првата генерација на панда беше еден од најдолговечните мали автомобили во Европа. Се појави во 1980 година како наследник на фиат 126 и фиат 133, а се продаваше и со значка на Сеат. Се произведуваше сè до 2003 година.

панда-40

панда-40

панда-40

панда-40

панда-40

панда-40

панда-40

панда-40

панда-40

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ