сабота, 26 октомври 2024

Фатен шверцер на мигранти меѓу кои и дете

Вчера околу 19 часот, од страна на полициски службеници од полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица, бил лишен од слобода Д.А.(39) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

При преглед во возилото ауди со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

Мигрантите бил сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ