понеделник, 21 октомври 2024

Фатен крадец осомничен дека влегувал во куќи и викендички

Радовишката полиција синоќа во 20.15 часот го лишила од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела тешка кражба, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ