сабота, 19 октомври 2024

ФАП – камион од доверба повеќе од шест децении, во функција и за кумановскиот Суд

Објавено на

часот

Сподели

Од противпожарната единица велат дека пожарот е локализиран, но дека уште чади од подрумот на Судот и дека пожарникарите и средствата, како и ФАП-от, се во состојба на подготвеност за дополнителни интервенции.

Командирот на смена на пожарникарите, Борис Станковски кажа дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Пожарот бил пријавен во 1:35 часот по полноќ. За пет минути пристигнала првата противпожарна единица. 

„Проблем се водоводните и цевки за парно кои се изолирани и тоа ни создава проблеми, зашто изолацијата е зафатена од огнот. Има многу книги, хартии, документи, па е тешко да се влезе со повеќе луѓе.

Претседателката на судот, Снежана Манев изјави дека има архива којашто е од почетокот на функционирањето на судот од 50-тите години од минатиот век. Според нејзините првични информации се работи за една до две простории. Таа вели дека веројатно има штета, но не можат да потврдат колкава е.

                                                                                                                       П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ