среда, 27 ноември 2024

Европските прехранбени компании повикаа на задолжително означување на ГМО храната

Повеќе од 370 прехранбени и малопродажни компании од 16 земји на ЕУ денеска ги повикаа министрите за земјоделство да го поддржат задолжителното означување на генетски модифицираната (ГМО) храна. Компаниите, вклучително и германскиот трговец на мало ДМ и големиот синџир супермаркети за органски производи Алнатура, го побараа етикетирањето во отворено писмо до унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија во моментов претседава со Европската унија и е задолжена за формулирање на заедничкиот став на членките на ЕУ. Договорот на министрите за земјоделство е услов за почеток на преговори меѓу Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Минатата година Европската комисија предложи олеснување на одредбите за генетско инженерство, Европскиот парламент се согласи со полесните регулативи, но побара означување на сите прехранбени производи со ГМО на полиците на европските супермаркети.

„Клиентите сакаат сами да одлучат дали ја сакаат оваа технологија на нивната чинија. Ова бара јасни правила за соживот во земјоделството, целосна транспарентност и декларирање за сите производи“, рече основачот и извршен директор на Алнатура, Гец Е. Рен.

Германското здружение за храна без генетско инженерство (ВЛОГ) го организираше составувањето на писмото и го достави до министерот Наѓ. Во претходното отворено писмо, тие ги повикаа министрите за земјоделство на ЕУ „да го одржат етикетирањето и слободата на избор“ во однос на генетски модифицираната храна.

Поддржувачите на ГМО технологијата се надеваат на храна која ќе биде поотпорна на климатските промени, ќе има повеќе хранливи материи и ќе бара помалку пестициди. Критичарите предвидуваат ризици за јавното здравје и животната средина, забележува новинската агенција ДПА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ