сабота, 19 октомври 2024

Европски судии денеска почнуваат со преиспитување на работата на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

„Советот треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и да биде заштитен од несоодветно влијание. Со оглед на најновите случувања поврзани со Судскиот совет, Комисијата ќе испрати мисија за оценување на работата на Судскиот совет и неговата правна рамка, со цел дополнително да се зајакне транспарентноста, независноста и кредибилитетот на Советот, вклучително и на неговите членови“, вели Писонеро.

Со престојот на првиот човек на оценската мисија, Хрватин, кој е поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска, официјално ќе биде означен почетокот на нејзината работа.

Според најавите, прво ќе биде идентификуван обемот на работата што ќе ја врши оценската мисија, по што таа ќе биде комплетирана од тим од експерти од земјите членки на ЕУ, кои во септември ќе ја посетат земјава. 

Писонеро вели дека Комисијата внимателно ја следи ситуацијата во земјава во врска со спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ и за тоа дава оценка во своите годишни извештаи за проширувањето. 

„Тие, исто така, темелно се адресирани во скринингот, како дел од процесот на пристапни преговори. Скринингот треба да се искористи во целиот потенцијал за да се забрзаат ЕУ реформите“, додава Писонеро.

Оценската мисија претходно ја најави и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, кој изјави дека препораките што ќе произлезат од мисијата, би требало да го зајакнат Судскиот совет да си ги врши своите задачи.

„Ова буквално значи дека испраќаме луѓе на исти позиции, значи судии, луѓе кои биле дел од судските совети на различни земји членки на ЕУ, да дојдат, да видат каква е ситуацијата, да го разгледаат законодавството за да видат дали има одредени слабости кога станува збор за транспарентност, кривична одговорност, да се сретнат со сите засегнати страни со цел да видат како е спроведено, и потоа да дадат препораки кои би требало да го зајакнат Советот за да си ја врши својата обврска, која, како што кажав, е да ја заштити независноста, интегритетот и професионалноста на судиите“, нагласи евроамбасадорот Гир во интервјуто за МИА.

Тој истакна и дека политиката треба да се тргне од правосудството, Владата и политичките партии да покажат волја дека се подготвени за тоа, но и судиите дека се подготвени независно да ја вршат својата работа.

„Вие може да ја имате најдобрата Оценска мисија во светот со одлични препораки, но зависи од политичката волја на Владата и на партиите, како и од волјата на судиите дали на судството ќе му биде дозволено да си ја врши работата“, рече Гир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ