вторник, 22 октомври 2024

Европски сојуз за промена: Како помина на 6 септември вечерата на Османи со Груевски?

ДУИ сѐ уште макотрпно се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје ‘без трн во ногата’, бидејќи неговото враќање од Будимпешта, на оваа партија, им значи многу. Им значи, бидејќи ДУИ единствениот спас го гледа во враќањето на Груевски. Ова е сон на ДУИ, но за нивна жал, сегашната реалност не е сон, туку доказ кој покажува дека во Македонија имаме влошување на состојбите во секој аспект и во секоја сфера, се вели во соопштението на Европскиот сојуз за промени (Алтернатива, Беса и Демократско движење).

Објавено на

часот

Сподели

Веќе постојат докази дека ДУИ преку разни начини и форми е во контакт со Никола Груевски, со кого се испитуваат можностите за негово враќање, од што би зависела судбината на ДУИ, заедно со СДСМ.

Па јавно прашуваме како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 6 септември во Будимпешта? Каков вкус имаше оваа вечера и како ќе се реализира ‘триумфалното’ враќање на Груевски“, прашуваат од Европскиот сојуз за промена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ