недела, 27 октомври 2024

Евакуиран е трговски центар во Москва, пристигната нова дојава за бомба (ВИДЕО)

Посетителите и персоналот на трговско-забавниот центар Мозаик, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана за експлозивна направа, изјави за РИА Новости претставник на итната служба на главниот град.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Анонимен повик со закана за бомба во трговскиот центар Мозаик на улица Кожуховскаја 7, зграда 9“, рече соговорник на руската агенција.

Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата.

Непосредно пред ова беше евакуиран консултативно-дијагностичкиот центар на Националниот медицински клинички центар Пирогов. Според прес-службата, од објектот биле евакуирани 900 лица.

Лажните закани за бомби во различни руски градови станаа почести од крајот на 2019 година, насочени кон судови, трговски центри, метро станици, воздухопловната и железничката инфраструктура, училишта и медицински установи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ