Како што соопшти Европската комисија, мерките што ги усвои Советот на Европската унија „ги усогласуваат санкциите против Белорусија со режимот на санкции против Русија“ и обезбедуваат казнените мерки наметнати на Москва да не можат да се заобиколат преку Белорусија.
Забраната опфаќа стоки и технологии кои придонесуваат за воениот и технолошкиот напредок на Белорусија и се погодни за употреба во воздухопловната и вселенската индустрија.
Меѓу забранетите стоки се и огнено оружје и муниција.
Воведувањето на најновиот, 11-ти пакет рестриктивни мерки е поврзано со вмешаноста на Белорусија во руската инвазија на Украина.