ЕУ вчера објави дека ќе го забрани извозот на компоненти кои се користат во изградбата и производството на дроновите (УАВ). Таа предвидува и ограничувања за патување и замрзнување на имотот на поединци кои се одговорни или ја поддржуваат иранската програма за дронови.
ЕУ, исто така, стави шест ирански државјани на списокот со санкции поради поддршката на руската агресивна војна против Украина и сирискиот режим.
„Поврзувањето на украинската војна со билатералната соработка меѓу Иран и Русија е политички мотивирано. Иран го задржува правото да преземе реципрочни и пропорционални дејствија против санкциите на ЕУ и нејзините земји-членки“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани.