недела, 20 октомври 2024

ЕУ: Тешко е да се провери дали Пригожин навистина загинал

Објавено на

часот

Сподели

„Но, како и многу други работи во Русија, тоа за нас е многу тешко да се потврди, па затоа не можеме да коментираме“, додаде тој. Стано истакна дека „негативните акции“ на Пригожин и Вагнер групата се добро познати, мислејќи на нивното учество во конфликтот во Украина и операциите во африканските земји.

„Секаде каде што биле, каде што се сега или каде што биле во минатото, оставиле трага на кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право. Постојат многу неодговорности, нејасни се правилата според кои дејствуваат“, кажа портпаролот на ЕУ. Идните операции на групата нема да бидат погодени „само од наводната смрт на Пригожин“, туку и од „настаните во јуни“ кога групата маршираше кон Москва во краткотрајниот бунт, додаде тој.

Стано кажа дека ЕУ се надева дека „негативното влијание“ на операциите на Вагнер групата ќе престане, но дека е свесен дека безбедносната група „не се врзува само за името на својот лидер“. Истакна дека поврзаноста на групата со Кремљ е едно од неколкуте „сложени прашања“, додека истакна и дека не е работа на ЕУ „да нагаѓа дали наводната смрт на Пригожин во авионска несреќа ќе има какви било специфични последици на активноста на Вагнер“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ