петок, 18 октомври 2024

ЕУ даде 1,26 милиони евра за трансформација на „Македонски шуми“

Објавено на

часот

Сподели

Ова е предвидено со проектот „Поддршка за реформите во шумарството во Северна Македонија“ чиј официјален почеток ќе биде означен денеска, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

„Европската Унија ќе го поддржи одржливиот развој на секторот шумарство преку олеснето спроведување стратегии и политики. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде клучниот соговорник во претстојната двегодишна реформа за управување со шумите. Оваа реформа е блиску поврзана со основните начела од Зелениот план на ЕУ и од Зелената агенда за Западен Балкан и има за цел да обезбеди подобра заштита на шумите и зачувување на шумскиот биодиверзитет. Подоброто економско, социјално и еколошко управување со шумите води кон подобар квалитет на живеење, особено во руралните и планинските региони“, наведуваат од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Во 2020 година, ЕУ имаше проценети 160 милиони хектари шуми, што значи дека шумите покриваа 39 отсто од копнената површина на ЕУ. Најголемите шумски области во ЕУ беа во Шведска (28 милиони хектари), Финска (22 милиона хектари) и Шпанија (19 милиони хектари).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ