сабота, 2 ноември 2024
Прес-конференција

EСП: Бујар Османи не може да биде претседател, не ги застапува албанските интереси

„Меѓу имињата кои ги споменува Демократската унија за интеграција за кандидат за претседател на држаата е и името на актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Иако е нивно право да кандидираат кого сакаат, она што сакаме да го нагласиме е дека тој кандидат не ги застапува Албанците во Северна Македонија.“, изјави Амир Елези од Европскиот сојуз за промени, инаку потпретседател на Алтернатива.

Објавено на

часот

Сподели

Елези рече дека Османи е промовиран како прв албански министер за надворешни работи кај нас, но дека тој, како што нагласи, го завршува својот мандат без ниту една посета на Република Косово.

„Во време кога речиси сите македонски политичари отидоа таму, дури и некои српски политичари кои се борат против режимот на Вучиќ, тој што никогаш не смогна сили и не најде причина да оди во Косово е само Бујар Османи. Иако не сме очекувале да се поклони во Преказе, како што тоа го направи политичарот од Србија Сандуловиќ, туку беше скандалозна неговата квалификација за српскиот терористички напад во Бањско, на Северот на Косово. Во време кога американскиот Стејт департмент и Европската комисија, како и сите западни сојузнички земји, го осудија како терористички напад, единствен беше Бујар Османи, тој што како претседавач на ОБСЕ за тој настан зборуваше слично со речникот на Белорусија за руските напади во Украина. Иако не зборуваше како Албанец, туку и како претседавач на ОБСЕ, тој со ништо не покажа дека е на страна на западното сојузништво. Дали ова се објаснува со неодамнешните коментари на Вучиќ за можноста ДУИ да ги загуби изборите или има нешто друго, тоа треба да го објаснат тие, но дека претседавањето со ОБСЕ од Бујар Османи не му донесе никаква корист на Косово, тоа е евидентно“, рече Елези.

Според потретседателот на Алтенратива, осен што е рамнодушен кон албанските интереси, Османи е министер познат по коруптивни афери.

„И од порано е познато дека Османи како министер не испушти да да ја вкуси лажицата на корупција Токму настанот во организација на Самитот на ОБСЕ во Скопје ја обелодени неговата коруптивна тенденција, за што и тој самиот призна и се извини, а не помалку сомнителни беа и тендерите склучени со компанијата Еуровиа, како и сомнежите за возилата кои беа користени за Самитот на ОБСЕ.

Како и да е, овие и други податоци што ќе ги објавиме во наредните денови, се доволни докази да се разбере дека секој од ДУИ може да биде прифатлив како Албанец, но Бујар Османи не може да биде кандидат на Албанците во Северна Македонија“, рече Елези.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ