На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, а по нивната средба, на прашањето дали очекува уставните измени да бидат донесени Ескобар рече:
„На Соединетите Американски Држави им е мило што таа процедура е започната и се надеваме дека ќе продолжи во интерес на вашите интеграции“, рече кусо Ескобар.
Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Ескобар, од прес-конференцијата упати порака:
„САД е пријател и сојузник со Северна Македонија, зашто постојано ни помага. Еве да го потенцирам учеството во мисијата во Авганистан, во Украина, со својот придонес како претседавач со ОБСЕ, и на други полиња, тука да го споменам и историскиот договор меѓу Србија и Косово. Тоа не можевме да го сториме без вас, зашто на вас секогаш сметаме. Сакаме Северна Македонија да смета на нас при своите предизвици со наша помош да ги решава своите предизвици и сакаме да станете и формален член на Европската Унија. Ние сме најентузијастички ваши поддржувачи“.
Ескобар и нагласи зошто за САД се важни европските интеграции на Македонија.
„Западен Балкан е најнадежниот дел од Европа со највисок економски развој во многу сектори кои се носечки во развојот. Европа и САД имаат потреба од вас, а вие сте наш стратешки партнер и сакаме да имате корист од тоа партнерство со нас“, рече Ескобар и додаде дека секогаш му е задоволство да допатува во Македонија.