петок, 18 октомври 2024

Ердоган: Израелците мислеа дека ќе се договориме, сериозно се изненадија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека приведувањето на десетиците луѓе под сомнеж дека шпионирале за Израел е само „првиот чекор“ и „јасен одговор на оние кои ѝ се закануваат“ на Турција.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на настан по повод 97-годишнината на Турската национална разузнавачка агенција МИТ, Ердоган порача дека притворањата зад кои стојат МИТ и турската полиција „сериозно го изненадиле Израел“. „Нашата разузнавачка агенција, која откри израелска шпионска мрежа во нашата земја, им даде многу јасен одговор на оние кои ни се закануваат. Нормално, ова сериозно го изненади Израел“, истакна тој.

Судот во Истанбул нареди 15 приведени под сомнеж за шпионирање да останат во затвор, додека преостанатите 19 лица на слобода ќе го чекаат судењето, соопшти минатиот петок турскиот министер за правосудство. Осомничените беа приведени минатиот вторник поради наводно планирање активности кои вклучувале „разузнавање“ и „прогон, напад и киднапирање“ на странски државјани кои живеат во Турција.

Односите на Ерусалим и Анкара се заострија поради војната на Израел во Газа.

За разлика од западните сојузници и некои арапски земји, Турција палестински Хамас не го гледа како терористичка организација. Ердоган во повеќе наврати тешко ги обвини и нападна Израелците. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „убиецот на Газа“ и „воен злосторник“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ