петок, 1 ноември 2024

Епохално откритие во источна Англија

Артефакти од бронзената доба, кои паднале во реката Нин по пожар пред речиси 3.000 години, се откриени на локација во Кембриџшир на истокот на Англија, а денес се објавени две публикации што ги покажуваат наодите од археолошкото ископување.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Археологот Марк Најт од Универзитетот во Кембриџ изјави дека следниот месец дел од откриените предмети ќе бидат изложени во музејот Питерборо, нагласувајќи дека станува збор за уникатни откритија, пренесе Гардијан.

Најт истакна дека за време на ископувањата од 2015 до 2016 година, археолозите пронашле речиси 200 дрвени артефакти, повеќе од 150 текстилни предмети, 128 керамички садови и повеќе од 90 метални предмети.

Според археолозите, населбата, која датира од околу 850 година п.н.е., била населена само околу девет месеци пред да биде уништена од пожар, рече Најт.

Најт рече дека тркалезните куќички во населбата биле изградени на потпори над притоката на реката Нин, а причината за пожарот останува непозната.

Најт истакна дека накитот, грнчаријата, облеката и алатот паднале во калливата река кога куќите се урнале поради пожарот.

Анализата на зачуваните остатоци од храна покажа дека жителите на населбата јаделе месни чорби, кнедли и леб, свински и јагнешки котлети, рече Најт.

Според него, меѓу пронајдените лични предмети има украсен текстил и егзотични стаклени перли.

Населбата датира од самиот крај на бронзената доба, кога земјоделството цветало. Жителите одгледувале пченица и јачмен и чувале овци, говеда и свињи.

Повеќе од 50 експерти учествувале во ископувањата во текот на една година, а истражувањето чинело 1,1 милион фунти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ