вторник, 26 ноември 2024

Емануел Макрон: ЕУ може да умре

Европската унија може да умре ако не стане поконкурентна со САД и Кина, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон. „Унијата регулира премногу, а премалку вложува“, изјави Макрон.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон и Пекинг веќе ја надминуваат ЕУ во однос на економски резултати и инвестиции, додаде Макрон.

„ЕУ може да умре, на работ сме на многу важен момент“, рече Макрон. „Нашиот стар модел е минато. Ние регулираме премногу, а вложуваме премалку. Ако ја следиме нашата класична агенда во следните две до три години, ќе исчезнеме од пазарот“.

Во април, Макрон повика на поголема интеграција на европската одбрана и предупреди дека блокот не може да стане вазал на САД кога станува збор за безбедносни и воени прашања.

Неговото предупредување доаѓа по уште едно предупредување објавено во извештајот на поранешниот италијански премиер и поранешен шеф на Европската централна банка, Марио Драги.

„Постои ризик нашата Европа да умре. Ние не сме опремени да се соочиме со ризиците“, рече Драги кога ја изложи својата визија за иднината на ЕУ. Во извештајот на Драги, исто така, се повикуваат владите на ЕУ да инвестираат повеќе во заеднички одбранбени проекти бидејќи „веќе не можат целосно да сметаат на САД“.

Некои европски влади стравуваат дека вториот мандат на Доналд Трамп може да претставува ризик за НАТО доколку победи на американските избори во ноември.

Републиканскиот кандидат рече дека ќе дозволи Путин и Русија „да прават што сакаат“ на било која членка на НАТО која нема да ги исполни целите за трошоците за одбраната.

Макрон го нарече НАТО „мозочно мртов“ во 2019 година, посочувајќи дека Европјаните повеќе не можат да сметаат на САД да обезбедат безбедносен чадор против заканите како што е руската агресија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ