Хјулит Пакард центарот најчесто одбира уред кој не само што ја исполнува својата задача за управување со резервите на нуклеарно оружје на американската војска, туку и одбира комбинација од технологии кои ја унапредуваат најсовремената информатика.
Националната лабораторија Лоренс Ливермор неодамна го претстави системот наречен Ел капитан на конференцијата за суперкомпјутери СЦ24. Но, овој пат е малку поинаку од досега, бидејќи Ел капитан се појавува среде најголемото градење на суперкомпјутерски капацитети во историјата на човештвото, пишува Некст платформ.
Според многу параметри, Ел капитан е рамноправен на огромната машинерија која компјутерските експерти ја користат за тренирање на вештачката интелигенција. Ел капитан е машина скроена за придвижување на некои од најсложените и најгусти работни оптоварувања на симулации и моделирања, а притоа е прилично добар и со новите јазични модели кои се во срцето на револуцијата со вештачката интелигенција (АИ).
Она што е можеби најважно, Лоренс Ливермор добива исклучително моќен суперкомпјутер за многу помалку пари отколку што плаќаат одржувачите на облаци и големите АИ стартапи. Тешко е да се каже со прецизност во што е разликата, но почетните компјутерски вредности покажуваат дека Ел капитан чини помалку по единица на перформанси од големите кластери кои ги креираат Мајкрософт, Мета и други.
Постојат предности според кои машината е клучна за националната безбедност на САД. Ел капиран ќе управува со нуклеарното оружје кое може да предизвика изумирање на нашата планета (или ќе го избегнат преку логиката на сигурно заемно уништување, во зависност како се гледа). Нуклеарното оружје на САД треба да се симулира за да се обезбеди дека правилно функционира – договорот за забраната на нуклеарни тестирања ги спречува САД да детонираат оружје за да проверат како функционира.
Исто така треба да се редизајнира нуклеарното оружје во залихите и повторно да се употребат неговите експлозиви, но забраната за тестирање значи дека тоа може да се направи само преку симулации. Од тука е потребата за големите пресметки од суперкомпјутерите.
Милионскиот договор за Ел капитан му беше доделен на Хјулит Пакард уште во 2019 година, и се знае дека чини околу 500 милиони долари.