понеделник, 18 ноември 2024

Екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ е работа на министрите за правда, вели косовскиот премиер

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ осудени за случајот „Смилковско езеро“. На денешната прес конференција по меѓувладина седница, Курти уште кажа дека со заедничките гранични премини на Блаце и Јажинце ќе биде олеснет протокот на граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

„На денешниот состанок беа присутни и двајцата наши минитри за правда. Од страна на Северна Македонија беше господинот Игор Филков, а од страна на Република Косово беше Албулена Хаџиу. Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман“, рече косовскиот премиер.

Курти додаде дека двајцата министри за правда даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање.

„Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем“, рече Курти.

Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажа Курти.

Македонскиот премиер беше прашан и за тоа дали сѐ уште се на сила потерниците за поранешните борци на ОНА, како и за отсуството на Иван Стоилковиќ, министер за односи со заедниците, од седницата и неговите ставови за Косово.

„Ние како Влада сме го кажале меѓу првите нашиот став за Косово и не треба да дозволиме таа тема некој да ја злоупотребува. Сите овие настани се јасна порака за тоа. Сега ако некој континуирано се обидува од нас, истото ова да го повторуваме мислам дека ќе ја изгубиме суштината. Мислам дека сето ова денеска што се случува овде, претходно во Скопје на самиот почеток на независноста на Косово, што го направи македонската Влада е јасен параметар и показател каков е нашиот став“, рече Мицкоски.

На денешната прес конференција по меѓувладина седница, Курти уште кажа дека со заедничките гранични премини на Блаце и Јажинце ќе биде олеснет протокот на граѓани.

Како што посочи косовскиот премиер, во делот на трговската размена двете држави ќе имаат заеднични гранични премини на Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица, со што се очекува да биде олеснет протокот на граѓани, како и да биде скратено времето на чекање. Во делот на образованието, Курти посочи дека Косово има одличен пример во дуалното образование во средните училишта, каде им се овозможува директна врска на работодавците и учениците.

„Потпишаниот меморандум за соработка во делот на образованието е фокусиран на стручното оспособување на образованието. Стручното оспособување е идентификувано како клучен аспект во Европската зона за образование за периодот 2023-2030 година. Косово и Македонија учествуваат во многу иницијативи во овој сектор. Тука фактор за зајакнување на квалитетот на образованието на стручното образование во Југоисточна Европа, каде што двете наши држави се партнери за зајакнување на стручното оспособување и на образованието, поврзано со потребите на пазарот на трудот“, рече Курти.

Оптимист сум, додаде, дека земјите во трговската размена ќе постигнат пола милијарда

„Оптимист сум дека ќе постигнеме пола милијарда трговска размена, како што разговаравме со премиерот Мицкоски. Што се однесува до извозот на Косово генерално, има се повеќе успех со извоз на лесната индустрија, пијалоците, храната, кожата, текстилните обработки, посебно обработката на дрво и метали, како и технолошката и информатичката сфера. Увезуваме различна стока од Северна Македонија и убеден сум дека ќе достигнеме пола милијарда, со што нашите индустрии ќе одат паралелно со зголемување на куповната моќ на граѓаните на нашите две земји“, додаде Курти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ