Во тој момент леталото не било во близина на ниту еден комерцијален или брод на американската морнарица, соопшти денеска командантот на американската морнарица, вице-адмиралот Бред Купер, додавајќи дека се работи за неуспешен напад.
„Беспилотното летало се приближуваше на неколку милји од бродовите што пловеа во областа, трговските бродови и бродовите на американската морнарица. Сите видовме како експлодира“, изјави Купер.
Во експлозијата на поморскиот дрон нема повредени. Досега, според Купер, кој ги предводи американските поморски сили на Блискиот Исток, Хутите извршиле 25 напади врз трговски бродови што пловеле во јужниот дел на Црвеното Море и Аденскиот Залив, пренесува Ројтерс.
„Нема знаци дека нивното неодговорно однесување се намалува“, додаде Купер.