вторник, 22 октомври 2024

Експлозија во близина на брод во Аденскиот Залив: Нападот го извршиле Хутите

Јеменските Хути, најверојатно, денеска нападнале брод во Аденскиот залив, соопшти британското набљудувачко тело за поморски сообраќај во регионот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според Поморскиот трговски центар на британската армија, капетанот на бродот пријавил експлозија во близина на бродот додека поминувал низ Ништун во Јемен, во близина на границата со Оман.

Името на бродот или знамето под кое пловел не е објавено, ниту пак со какво оружје било пукано, но се наведува дека екипажот е безбеден.

Во соопштението се нагласува дека нападот се случил на најоддалечените краеви на водениот пат, кој е цел на бунтовниците Хути. Тие рутински ги гаѓаа трговските бродови со летачки и пловечки дронови откако Израел почна со нападите врз Појасот Газа.

Хутите засега не го коментираат последниот напад. Претходниот се случи на 28 јуни.

Јеменските бунтовници поддржани од Иран досега нападнале повеќе од 70 бродови. Во нив загинале четворица морнари, потонати се два брода, еден брод е киднапиран.

Од јануари оваа година, САД ги гаѓаат позициите на Хутите во Јемен со проектили со цел да ги одвратат од напади на трговски бродови. Хутите тврдат дека напаѓаат само бродови со врски со Израел, но во пракса мета се и други бродови, вклучувајќи ги и оние кои пловат за Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ