четврток, 28 ноември 2024

Експлозија на бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на министерството за труд (ФОТО)

Во центарот на Атина, во близина на зградата на Министерството за труд, синоќа експлодирала бомба и предизвикала штета на зградата, нема повредени, пренесува Катимерини.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата и пожарникарите ја обезбедиле областа откако уредот бил активиран во 01:29 часот по локално време, антитерористичката единица ја истражува експлозијата.

Непознато лице 40 минути претходно во име на Револуционерната класна самоодбрана, засега непозната организација, испратило предупредување до весникот „Ефимерида тон синтактон“ дека во близина на министерството е поставена експлозивна направа.

Во друг повик, едно лице кажало дека била поставена бомба пред банка која се наоѓа во близина на министерството. Весникот веднаш ја известил полицијата која го опколила теренот.

Државниот радиодифузен сервис ЕРТ јави дека експлозивната направа била во торба поставена на оградата пред зградата на банка во близина на министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ