среда, 27 ноември 2024

Експлозии одекнаа во близина на американската амбасада во Багдад, се огласија сирените за опасност (ВИДЕО)

Рано утринава се слушнале експлозии во близина на американската амбасада во Багдад, главниот град на Ирак, и се вклучиле сирените, изјавил неименуван добро информиран извор за Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

На снимките на социјалните мрежи се гледаат експлозии.

Портпаролот на амбасадата не одговорил веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Не е јасно дали се активирани системите за противвоздушна одбрана на амбасадата и дали е причинета некаква штета.

До сега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот утринава врз американската амбасада.

Врз американските сили во воените бази во Ирак и Сирија се извршени над 70 напади од средината на октомври, дипломатските мисии беа поштедени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ